Финансиска едукација

Финансиска едукација  е процес со кој финансиските потрошувачи, осигурениците/инвеститорите го подобруваат разбирањето за финансиските производи, концептите и ризиците преку добивање на информации, инструкции и објективни совети со цел

  • развивање на нивните вештини и доверба
  • да станат повеќе свесни за финансиките ризици и можностите
  • да донесат добра одлука
  • да превземат ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба
  • да знаат каде да се обратат за помош

Финансиска писменост е комбинација од финансиска свесност знаење, вештини, став и однесувања неопходни за донесување корисни финансики одлуки.

Нашите активности се насочени кон различни интересни групи,  со особен акцент на младата популација и учениците:

  • ги инкорпорира младите преку посета на училишта и факултети;
  • развива и публикува друштвени игри;
  • издава едукативни брошури и памфлети;
  • организира конференции, семинари, работилници;
  • спроведува Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември;
  • спроведува Конкурс за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија;
  • присуствуваа на трибини, форуми, радио и ТВ емисии и др.

Агенцијата стреми да го презентира практичниот аспект од финансиската едукација и да делува како надополнување на формалното образование.

Започна проектот за финансиска едукација на населението

Во периодот од 3-5 април, 2019 година се реализираше првата официјална мисија, во рамки на проектот за техничка помош за финансиска едукација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)

Објавен редовниот конкурс за учениците од основите и средните училишта по повод Светскиот ден на штедењето и Светскиот ден на осигурувањето

Денес, Народната банка на Република Македонија (НБРМ), Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) го објавија конкурсот за ученици од основното и средното образование, којшто веќе неколку