Извештај за мерењето на финансиската писменост во Република Северна Македонија

Финансиската писменост е од суштинска важност за да се заштитат потрошувачите . Организацијата за економска соработка и развој  ја дефинира финансиската писменост на следниот начин “Финансиската писменост е процес преку кој поединците го подобруваат разбирањето на финансиските производи и концепти; и преку информации, инструкции и / или објективните совети ги развиваат вештините и довербата за да станат посвесни за финансиски ризици и можности, да направат информиран избор, да знаат каде да се обратат за помош и да преземат други ефикасни активности за подобрување на финансиската благосостојба и заштита (OECD 2005).

преземи ПДФ публикација|достапно само на англиски јазик

Види галерија