Известување до корисниците на осигурителни производи и услуги во врска со појавата на Коронавирусот

Агенцијата за супервизија на осигурување ги повикува корисниците на осигурителни производи и услуги да обрнат посебно внимание на условите за осигурување согласно кои го склучиле договорот за осигурување, (полисата) а со оглед на можното исклучување на обврската на осигурителот во случај на прогласена пандемија на коронавирус од страна на Светската здравствена организација и прогласување на вонредна состојба во Република Северна Македонија.

Ги советуваме потрошувачите и корисниците на осигурителни производи и услуги пред склучување на договорот за осигурување секогаш внимателно да ги читаат условите за осигурување и ги охрабруваме да се советуваат со друштвата за осигурување или осигурителните брокери.