Финансиска едукација

Финансиска едукација  е процес со кој финансиските потрошувачи, осигурениците/инвеститорите го подобруваат разбирањето за финансиските производи, концептите и ризиците преку добивање на информации, инструкции и објективни совети со цел

  • развивање на нивните вештини и доверба
  • да станат повеќе свесни за финансиките ризици и можностите
  • да донесат добра одлука
  • да превземат ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба
  • да знаат каде да се обратат за помош

Финансиска писменост е комбинација од финансиска свесност знаење, вештини, став и однесувања неопходни за донесување корисни финансики одлуки.

Нашите активности се насочени кон различни интересни групи,  со особен акцент на младата популација и учениците:

  • ги инкорпорира младите преку посета на училишта и факултети;
  • развива и публикува друштвени игри;
  • издава едукативни брошури и памфлети;
  • организира конференции, семинари, работилници;
  • спроведува Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември;
  • спроведува Конкурс за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија;
  • присуствуваа на трибини, форуми, радио и ТВ емисии и др.

Агенцијата стреми да го презентира практичниот аспект од финансиската едукација и да делува како надополнување на формалното образование.

Следната недела ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост

Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се

НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ‒ 1 НОЕМВРИ

Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. И оваа година добивме голем број интересни литературни и ликовни трудови. Во оваа прилика им

АСО во соработка со ОЕЦД: Осигурителните регулатори преку размена на искуства до подобра финансиска писменост и заштита на осигуреници

Размената на искуства и добри практики со цел зголемена заштита на осигурениците и континуирано подигнување на нивото на нивната финансиска едукација се клучните теми на кои разговараа претставници на осигурителните