Осигурителниот брокер e важeн во постапката на купување на договор за осигурување
Улогата на осигурителниот брокер е да ги штити интересите на осигурениците преку:
– давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договор за осигурување.
– е должен да изготви адекватна анализа на ризикот и да предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот;
– да го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот за склучување на договор за осигурување и да го запознае осигуреникот со условите на полисите и пресметката на износ на премијата;
– да ја провери содржината на полисите и да укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан.
– да укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан, а особено да обезбеди дека осигуреникот ги извршил правните дејствија во предвидените рокови, а кои се предуслов за стекнување и уживање на правата кои произлегуваат од договорот за осигурување.
– осигурителниот брокер доколку посредува во реализација на отштетните побарувања е должен да соработува со надлежните лица служби на клиентот, за подготовка на доказна документација за основата и висината на отштетното побарување, како и да прибира други потребни докази.
Осигурителниот брокер има право на провизија
Доколку со договорот за вршење на осигурително брокерски работи склучен со осигуреникот е предвидено дека осигурителниот брокер има право на провизија, истиот се стекнува со правото на провизија со денот на влегувањето во сила на договорот за осигурување.
Осигурителниот брокер е должен да го извести осигуреникот за износот на провизијата што ја наплаќа од друштвата за осигурување по склучените договори за осигурително брокерски работи.
Конфликт на интереси
Осигурителниот брокер е должен да ги презентира на осигуреникот сите правни и економски односи кои ги има со одредено друштво за осигурување, кои можат да влијаат на објективноста на осигурителниот брокер при извршување на обврските спрема осигуреникот (врз основа на кои осигурителниот брокер има право на посебна или повисока провизија за посредување за склучување на договори за осигурување за одделна класа на осигурување како и за одделно друштво за осигурување).
Заштита на осигурениците
Заштита на осигурениците вклучува: обезбедување точни и навремени информации за осигурениците, комуникација со нив на јасен и разбирлив начин, пристап до механизми за решавање во случај кога нивните права се повредени.
“Финансиската писменост е од суштинска важност за да се заштитат потрошувачите “
Финансиската едукација е процес којшто треба да овозможи подобро разбирање на финансиските производи, концепти и ризици, како и развој на способности на населението за соодветен избор и носење на издржани финансиски одлуки и управување со личните финансии. Подобрата информираност и спремноста за носење паметни и издржани финансиски одлуки, ќе придонесе за повисока финансиска инклузија односно пристап на правните и физичките лица до различни видови на финансиски производи и услуги.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.
Повеќе на www.edukacija.aso.mk
Не заборавајте да ги следите профилите на АСО на социјалните мрежи (Facebook, LinkedIn, Instagram)
Видови осигурителни производи
Осигурителните производи се делат на две основни групи:
• животно осигурување и
• неживотно осигурување.
Животно осигурување
Осигурувањето на животот е покритие со кое осигурителот се обврзува, на осигуреникот (корисникот на осигурување), врз основа на платените премии на осигурување, да му ја исплати осигурената сума во случај на смрт, доживување или настапување на тешки болести. Ова осигурување ве штити вас, вашите деца и родители или членови на семејството. Периодот на покритие обично е повеќе од една година и имате избор премијата да ја плаќате месечно, квартално, полугодишно или годишно, сѐ додека е во важност договорот за осигурување. Главните производи за осигурување на животот се: осигурување во случај на смрт (ризико осигурување), осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт и доживување (мешано осигурување), доживотно осигурување во случај на смрт, рентно осигурување, осигурување со инвестициски ризик (осигурување на животот во врска со удели во инвестициски фондови), осигурување со поврат на премии и др.
Што е важно кога склучувате договор за животно осигурување?
ꟷ Доколку склучувате договор за осигурување на животот каде што осигуреник е трето лице, тогаш за полноважност на договорот е потребна писмена согласност од тоа лице.
ꟷ За животот на едно лице може да се склучат повеќе договори за осигурување на животот со различни осигурители и притоа корисникот има право на исплата на осигурените суми врз основа на секој од нив, во согласност со склучените договори за осигурување.
ꟷ Лицата со нарушена здравствена состојба може да се осигураат под посебни услови на осигурување.
ꟷ При склучување договор за осигурување на животот секогаш бидете искрени при пополнувањето на прашалниците коишто ви се дадени. Вашиот искрен одговор е од клучно значење за:
– утврдување на покритието коешто целосно ќе ги исполни вашите потреби за сигурување;
– утврдување на реалната премија за тоа покритие;
– избегнување несакани последици во однос на исплатата на осигурената сума, доколку во иднина се утврди дека информациите дадени во прашалникот не се веродостојни.
ꟷ Друштвата за осигурување на животот ги вложуваат средствата коишто, во вид на премија, им ги доверуваат нивните осигуреници, во сигурни и неризични пласмани. Вложувањата на средствата подлежат на посебна контрола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.
ꟷ Осигурениците на осигурување на животот, во случаи одредени со условите за осигурување, имаат право на учество во добивката што друштвата за осигурување ја остваруваат од вложувањата на средства собрани преку премијата за осигурување.
Главните производи на неживотното осигурување се:
задолжително осигурување во сообраќајот (најзастапено е осигурувањето од автомобилска
одговорност), осигурување на моторните возила, осигурување на домот, патничко о сигурување, осигурување на личните предмети, осигурување од последици на незгода, здравствено осигурување, осигурување од одговорност и др.
Осигурување, ризик и загуба
Осигурувањето е услуга која штити од загуба во случај нешто несакано да ви се случи вам и на вашето семејство или на вашиот имот (лични предмети, куќа, стан, автомобил и др.).
Во осигурителна смисла, ризикот е можност да се случи нешто лошо/штетно или неочекувано. Ова може да вклучи губење/кражба или оштетување на вреден имот и предмети, или може да вклучи некој да биде повреден.
Загуба е кога се случило нешто заради кое сте во полоша состојба од пред тоа
Што е осигурување?
Кога имате финансиска обврска, како што е купување куќа / стан со банкарски заем вие „резервирате“ дел од вашите идни приходи. Доколку се случи несреќа (инвалидитет), или се создаде неповолна економска ситуација за вас, вашата способност за исполнување на финансиските обврски се намалува и можноста да го загубите стекнатиот имот станува реална. За да се заштитите од вакви и друг вид загуби, постои финансиски инструмент којшто можете да го купите и се вика осигурување.
Осигурувањето е средство што овозможува заштита во случај нешто несакано да ви се случи вам и на вашето семејство или на вашиот движен и недвижен имот (лични предмети, куќа, стан, автомобил и др). Осигурувањето се купува по пат на склучување договор за осигурување (полиса).
Како функционира осигурувањето?
Сите осигуреници ја плаќаат својата премија во заеднички фонд во друштвото за осигурување. Колку повеќе осигуреници има друштвото за осигурување, толку е поголем заедничкиот фонд. Секогаш кога одреден клиент ќе побара исплата на штета, исплатата се исплаќа од заедничкиот фонд. Вашиот имот е изложен на ризик од различни видови загуба (пожар, поплава, сообраќајна несреќа, кражба итн.). Цената на осигурувањето, односно премијата зависи од оценката на ризикот согласно со условите за осигурување пропишани од друштвото за осигурување.
Осигурување на живот
Осигурувањето на животот е покритие со кое осигурителот се обврзува, на осигуреникот (корисникот на осигурување), врз основа на платените премии на осигурување, да му ја исплати осигурената сума во случај на смрт, доживување или настапување на тешки болести. Ова осигурување ве штити вас, вашите деца и родители или членови на фамилијата. Периодот на покритие обично е повеќе од една година и имате избор премијата да ја плаќате месечно, квартално, полугодишно или годишно, сe додека е во важност договорот за осигурување.
Главните производи за осигурување на животот се:
- осигурување во случај на смрт (ризико осигурување)
- осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт и доживување (мешано осигурување)
- доживотно осигурување во случај на смрт
- рентно осигурување
- осигурување со инвестициски ризик (осигурување на животот во врска со удели во инвестициски фондови)
- осигурување со поврат на премии и др.
Што е важно кога склучувате договор за осигурување на живот?
Доколку склучувате договор за осигурување на животот каде што осигуреник е трето лице, тогаш за полноважност на договорот е потребна писмена согласност од тоа лице.
За животот на едно лице може да се склучат повеќе договори за осигурување на животот со различни осигурители и притоа корисникот има право на исплата на осигурените суми врз основа на секој од нив, во согласност со склучените договори за осигурување. Лицата со нарушена здравствена состојба може да се осигураат
под посебни услови на осигурување. При склучување договор за осигурување на животот секогаш бидете искрени при пополнувањето на прашалниците коишто ви
се дадени. Вашиот искрен одговор е од клучно значење за:
- утврдување на покритието коешто целосно ќе ги исполни вашите потреби за осигурување
- утврдување на реалната премија за тоа покритие
- избегнување несакани последици во однос на исплатата на осигурената сума, доколку во иднина се утврди дека информациите дадени во прашалникот не се веродостојни.
Друштвата за осигурување на животот ги вложуваат средствата коишто, во вид на премија, им ги доверуваат нивните осигуреници, во сигурни и неризични пласмани. Вложувањата на средствата подлежат на посебна контрола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. Осигурениците на осигурување на животот, во случаи одредени со условите за осигурување, имаат право на учество во добивката што друштвата за осигурување ја остваруваат од вложувањата на средства собрани преку премијата за осигурување.
Обврската за известување на осигурениците како физички лица, на потрошувачите, при склучување на договорот за осигурување, мора да биде во писмена форма и да содржи информации за следново:
→ назив, правен статус, седиште и адреса на друштвото за осигурување,како и филијалата преку која е склучен договорот за осигурување;
→ назив, правен статус, седиште, адреса и контакт телефон на друштвото за застапување во осигурувањето или осигурително брокерското друштво, во случај кога договорот за осигурување е склучен преку друштво за застапување во осигурувањето или осигурително брокерско друштво;
→ општите и посебни услови на полиси кои се применуваат на осигуреникот
и осигурителот и законот што го регулира договорот за осигурување;
→ случаи при кои општите и посебни услови на полисата не се применуваат на односот меѓу осигурителот и осигуреникот, извршување, обемот и пристигнување на обврските на друштвото за осигурување;
→ период на важење на договорот за осигурување;
→ износот на премија, како и пресек на премијата по одделни ризици (доколку со договорот за осигурување се покриени ризици кои произлегуваат од неколку класи на осигурување) и износите на даноци, такси и други трошоци по основа на премијата и вкупниот износ што треба да се плати;
→ право на одложување или прекинување на договорот за осигурување;
→ упатување на Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување до кое може да се достави жалба во однос на друштвата за осигурување и осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето и застапниците во осигурувањето;
→ начин на поднесување на оштетно побарување до друштвото за осигурување, а во случај кога договорот за осигурување е склучен преку осигурително брокерско друштво и известување на осигуреникот за неговата можност да побара помош од страна на осигурително брокерското друштво во случај на настанување на осигурениот случај;
→ начин на поднесување на приговор, односно жалба против работењето на друштвото за осигурување, друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво и начин на вонсудско решавање на спорови меѓу договорните страни и
→ органот надлежен за супервизија врз работењето на друштвото за осигурување.
Во текот на периодот на важење на договорот за осигурување, друштвото за осигурување, осигурителното брокерско друштво, друштвото за астапување во осигурувањето или застапникот во осигурувањето се должни да го известат осигуреникот за:
– Промена на назив, правен статус, седиште или адреса на друштвото за осигурување, или филијалата преку која бил склучен договорот за осигурување преку средствата за јавно информирање.
– Промена на податоците кои се последица на измена на некои прописи.
Во текот на периодот на важење на договорот за осигурување, друштвото за осигурување, осигурителното брокерско друштво, друштвото за застапување во осигурувањето или застапникот во осигурувањето се должни еднаш годишно да ги известат осигурениците за нивното учество во добивката.
Текстот на Општите и посебни услови на полиси и известувањето што треба да им се даде на осигурениците, треба да бидат составени на јасен и разбирлив начин на македонски јазик.
Друштвото за осигурување е должно на својата веб-страница да ги објави општите и посебните условите на осигурување, како и нивните измени во рок од пет дена од нивното донесување.
- настани врз основа на кои настанува обврска на друштвото за осигурување за плаќања кои произлегуваат од договорот за осигурување, како и настани поради кои обврската на друштвото за осигурување за плаќање престанува;
- начин на извршување, обем и пристигнување на обврските на друштвото
за осигурување;
- износот и условите за плаќање на премија, како и правни последици во случај на неплаќање;
- период на важење на договорот за осигурување, во кој особено треба да се наведе: 4.1. начинот на автоматско обновување на договорот за осигурување, 4.2. начин на кој договорот за осигурување може да се откаже, делумно или целосно да се прекине, како и обврските на друштвото во тие случаи
- последици од побарувања кои произлегуваат од договори за осигурување во случај на пропуштање на предвидените рокови;
- името на застапникот во осигурувањето, називот на друштвото за застапување во осигурувањето, односно осигурително брокерското друштво, доколку договорот за осигурување е склучен преку застапник, друштво за застапување,односно осигурително брокерско друштво;
- потребни дејствија кои треба да ги преземе осигуреникот во случај на настанување на осигурениот случај во насока на реализација на оштетено побарување до друштвото за осигурување;
- во однос на осигурување на живот, рокови и услови, како и обем на авансни плаќања согласно со полисите за осигурување, рокови и услови кои се однесуваат на учество на осигурениците во добивката на друштвото за осигурување, како и критериуми за пресметка на нивното учество и услови и методи за пресметка и исплата на откупна вредност.
- Друштва за осигурување,
- Осигурително-брокерски друштва,
- Друштва за застапување во осигурувањето,
- Застапници во осигурувањето,
- Банки – преку нивните овластени застапници.
- – дали осигурувањето покрива трошоци кои настанале поради потреба од итна медицинска
помош (итен лекарски преглед/третман, итен болнички третман, итна операција,
интензивен третман…);
– територијална важност на осигурувањето (за кои земји важи осигурувањето),
– кои се вашите права и обврски кои произлегуваат врз основа на купеното осигурување;
– почеток и траење на осигурувањето (осигурувањето може да се склучи за период од
најмногу 365 дена);
– дали сите ризици се опфатени со покритието на осигурувањето;
– кои ризици се исклучени од осигурувањето;
– дали како осигуреник имате франшиза т.е учество во износ на штета и со колкав износ;
– дали осигурувањето може да се купи без франшиза т.е учество во износ на штета;
– која документација е потребна за да се пријави штета;
– која е процедурата за да се пријави штета;
– која е процедурата за да поднесете претставка/жалба доколку не сте задоволни од
услугата;
– секогаш добро прочитајте ги и запознајте се со УСЛОВИТЕ под кои се склучува патничкото
осигурување
Согласно законската формулација од Законот за облигациони односи, во член 953 изречно се наведува дека “со договорот за осигурување се обврзува договарачот на осигурувањето, врз начелата на заемност и солидарност да здружува определен износ во друштвото за осигурување, односно во друштвото за ризици (осигурувач), а друштвото се обврзува ако дојде до настан кој претставува осигурен случај да му го исплати на осигуреникот или на некое трето лице надоместот, односно договорената сума или да направи нешто друго.
Основни карактеристики на договорот за осигурување:
Формален (точно определена форма за полноважност на договорот)
Двострано-обврзувачки (со потпишување на полисата настанува договорот)
Товарен (обврска на осигурувачот е исплата на сумата на осигурување, која е условена пак, од плаќањето на премијата)
Алеаторен (обезбедува заштита на осигуреникот од настани чие остварување е потенцијално)
Атхезионен (настанува по концептот на прифаќање на понудата на осигуреникот)
Функција на обесштетување (надомест на штетата предизвикана со остварување на осигурениот случај)
Условите за осигурување се составен дел од договорот за осигурување. Всушност тие се најважниот дел од договорот, од причина што во нив е детално уредено: склучување, траење и престанок на осигурувањето, значењето на поимите, самото осигурително покритие за кое се склучува осигурувањето, условот и начинот на остварување на право од осигурување, ограничување и исклучоци на осигурувањето, ограничување и исклучоци на обврската на осигурувачот, обработка и чување на личните податоци, останати права и обврски на договорните страни, измени на договорот за осигурување, вонсудско решањање на спорови, поднесување на приговор односно жалба против работењето на друштвото за осигурување и сл. Осигурувачот има обврска да го запознае договорувачот на осигурувањето/осигуреникот со Условите за осигурување и при склучување на осигурувањето истите да му ги предаде во писмена форма. Дополнително договорените ставки кои не се дел од Условите се впишуваат на самата полиса во вид на клаузули.
Во пракса разликуваме:
Општи услови за осигурување се одредби кои осигурувачот ги носи однапред, со веќе дефинирана содржина, тие се дел од договорот за осигурување, а договорувачот на осигурувањето/осигуреникот може во потполност да ги прифати или пак да ги одбие.
Посебни услови за осигурување се услови кои произлегуваат од Општите, односно се нивна надградба за детално уредување на одредено покритие.
Во случај на несогласување на некоја одредба за општите или посебните услови и некоја одредба на полисата ќе се примени одредбата на полисата, а во случај на несогласување на некоја печатена одредба на полисата и некоја нејзина ракописна одредба, ќе се примени оваа последнава.
Осигурувањето се купува за заштита од несреќни настани што може да ви се случат вам или на вашите блиски, така што вие нема да се доведете во сериозни финансиски потешкотии.
Купувањето договор за осигурување е многу важна одлука!
Морате да се информирате колку што е можно повеќе пред да одберете кој осигурителен производ или услуга најмногу му одговара на вашиот профил на ризик.
Важно при избор на осигурителен производ да си ги поставите следниве прашања:
- Што претставува осигурувањето?
- Кои се придобивките од осигурувањето?
- Дали ги разбирате ризиците што се покриени со видот на осигурување што го купувате?
- Дали сте добро запознаени со условите под кои се склучува договорот за осигурување?
- Дали сте информирани за вашите права и обврски коишто произлегуваат од склучувањето договор за осигурување?
- Дали вашите права и интереси како осигуреник и корисник на осигурување се соодветно заштитени?
- Дали сте сигурни дека можете да ја исплаќате премијата?
- Пред и при купувањето на договорот за осигурување консултирајте се со овластени лице.
Многу важно
- Целта на осигурувањето е да се пренесе ризикот што може да предизвика материјална и нематеријална штета од поединецот кон друштвото по пат на склучување договор за осигурување (полиса).
- Пред склучувањето договорот за осигурување, друштвото за осигурување е должно на совесен и чесен начин на потрошувачот да му даде точни, целосни разбирливи и корисни информации во врска со предметот на договорот за осигурување, карактеристиките на производот или услугата, да му ги предочи општите и посебните услови за осигурување, плаќањето на обврските, како и сите други информации побарани од потрошувачот, односно осигуреникот.
- Средствата кои што во вид на премија осигурениците им ги доверуваат на друштвата за осигурување, друштвата ги вложуваат во сигурни и неризични пласмани.
- Кога настанува штета (осигурен случај), друштвото за осигурување е должно да ја исплати осигурената сума, односно да го исплати надоместот на осигуреникот согласно со договорот за осигурување.
- Кога пријавувате штета во друштвото за осигурување, ги доставувате сите потребни документи заради одлучување и исплата на штетата.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето го контролира работењето на друштвата за осигурување се грижи за нивното финансиско здравје и ги штити интересите на осигурениците, корисниците на осигурување и трети оштетени лица.
Неживотно осигурување
Договорите за осигурување коишто не припаѓаат во групата на осигурување на животот се нарекуваат договори за неживотно осигурување. Главните производи на
неживотното осигурување се:
- задолжително осигурување во сообраќајот (најзастапено е осигурувањето од автомобилска одговорност)
- осигурување на моторните возила
- осигурување на домот
- патничко осигурување
- осигурување на личните предмети
- осигурување од последици на незгода
- здравствено осигурување
- осигурување од одговорност и др
Накратко за осигурувањето на имот
Со осигурување на имот добивате обесштетување во случај на настанување на штета на вашиот имот. Обесштетувањето неможе да биде поголемо од штетата која осигуреникот ја претрпел.
Кај осигурувањето на посеви и плодови, обесштетувањето се утврдува согласно вредноста што би ја имале посевите и плодовите во времето на собирањето.
Напомена: При утврдување на обесштетувањето се зема предвид и пропуштената добивка но под услов ако тоа е договорено.
Ако во текот на ист период на осигурувањето настанат повеќе штети еден по друг, обесштетувањето за секоја од нив се определува и исплатува во целост со оглед на сумата на осигурување, без нејзино намалување за износот на порано исплатените штети во тој период.
Важно: Кога купувате полиса за осигурување на имот задолжително побарајте друштвото за осигурување да ви ги даде Условите за осигурување кои се применуваат за осигурување на имот. Внимателно прочитајте ги!