Наградени ученици на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. И оваа година добивме голем број интересни литературни и ликовни трудови. Во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавно доделување на наградите не сме во можност да организираме заради состојбата со тековната здравствена криза и пандемијата.
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 1 до 5 одделение, во категорија ликовна творба- цртеж, на тема “Осигурувањето како заштита на мојата иднина’’, наградени се следниве ученици:
ЛИКОВНА ТВОРБА – ЦРТЕЖ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Ема Цветкова IV oдделение, ООУ Мирчев Ацев, Ѓорче Петров- Скопје
- Алек Антевкси, I одделение , ООУ „Вук Караџиќ„ – Куманово
- Андреј Стојанов (дигитален цртеж), V одделение, ООУ „Ванчо Прке“ – Штип
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 6 до 9 одделение, во категорија литературна творба-песна, на тема ’’Полисата за осигурување е моја инвестиција’’ наградени се следниве ученици:
ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА – ПЕСНА, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Дебора Анастасова VI одделение, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес
- Лука Богдановски VII одделение , ООУ,,Димитар Миладинов“- Центар, Скопје
- Димитар Цветаноски VII одделение, ООУ „Св Климент Охридски„– Македонски Брод
На Конкурсот за ученици од средно образование,, во категорија литературна творба-расказ/есеј, на тема ’’Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска безбедност и заштита“,наградени се следниве ученици:
ЛИТЕРАТУРНA ТВОРБА – РАСКАЗ/ЕСЕЈ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Татјана Јовановска, I година, СУГС „Ѓорѓи Димитров„, Карпош – Скопје (есеј)
- Магдалена Алексовска, II година, СОУ “Богданци” Богданци (есеј)
- Костанца Билбиловска , IV година, СОУ Гимназија „ Гостивар“- Гостивар (расказ)