СЕ ОДРЖА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИ

Европскиот квиз на пари е манифестација што се организира секоја година за време на Европската недела на пари. Минатата година  привлече повеќе од 100.000 студенти од 28 европски земји а победници во финалето беа шест ученици од основните и средни училишта и тоа од нашата земја, Словенија и Германија.

Оваа година финалето на квизот се одржа на 16 јуни во 14ч. а поради пандемијата со вирусот (COVID-19),истиот се спроведе преку online конекција вклучувајќи ги сите пријавени земји учеснички, и истиот во живо се пренесуваше на YouTube

(линк: https://www.youtube.com/EuropeanMoneyQuiz).

На овогодинешното големо финале, најбрзи и најподготвени беа учесниците од Шпанија.

Со овој настан се одбележа официјалното затворање на Европски квиз на пари во 2020 година.