Поимник

Поимник

Актуарите се стручни лица, едуцирани од областа на математика, статистика, веројатност и финансии. Актуарите поседуваат аналитички и деловни вештини кои ги применуваат при анализа на финансиската неизвесност и ризиците за целите на комплексните финансиски и социјални системи во целиот свет.

Актуарите преку анализа на минатите настани, и оценка на тековните ризици, креираат модели кои ги користат за проектирање на идните настани. На тој начин ги предвидуваат финансиските импликации врз работењето и обезбедуваат значајни информации за креаторите на долгорочните стратегии.

Повеќе од 100 години, актуарите во светот ја даваат својата експертиза во управувањето со ризик во осигурувањето на живот, неживотното осигурување, пензиското и здравственото осигурување, а се повеќе се ангажирани и во корпоративните финансии, инвестициите, банкарството, регулативата, образованието, итн.

Покрај математичките познавања, актуарите добро ја разбираат економијата, праксата и законите во државата во која работат, демографските и финансиските движењa, и на практичен и соодветен начин ги презентираат актуарските познавања и резултатите од анализите.

Актуарите, преку националните актуарски здруженија, придонесуваат за заштита на јавниот интерес на земјата преку примена на своите знаења за јавни добра и давање помош и совети во врска со регулативата во областа на финансиите и социјалното и здравственото осигурување.

Осигурувањето од автомобилска одговорност претставува законски задолжителна обврска пред вклучување на возилото во сообраќај, односно потребно е да ја поседувате при регистрација на возилото. Со автомобилската одговорност покриена е одговорноста на сопственикот на возилото за штети причинети кон трети лица и предмети при употреба на моторно возило во сообраќајот. Односно, штетата што ќе ја предизвика возачот (осигурaн од автомобилска одговорност во моментот на настанување на штетата) кон трето лице, нема да биде на негов товар, туку на друштвото за осигурување од каде е издадена полисата за осигурување. Годишната премија се определува согласно видот и карактеристиките на моторното возило, и тоа согласно Тарифата за задолжително осигурување во сообраќајот како и со примена на соодветен бонус за немање штети односно малус за причинети штети во претходен период. Покрај основното осигурување полисата за автомобилска одговорност може да ја дополните со автонезгода (осигурување на возач и патници од последици на несреќен случај-незгода) и автостакла (делумно каско осигурување-кршење на стакло)

е посебен попуст вклучен во ценовникот, кој се дава на осигуреникот кој во одреден период на осигурување немал штети или односот помеѓу платената премија и исплатените штети е поволен за Осигурувачот.

Друштвата за осигурување се должни да воспостават систем, интерни процедури и постапки за вонсудско решавање на спорови помеѓу осигурениците/корисниците на осигурувањето и друштвата за осигурување.

Друштвото за осигурување е должно да се произнесе по претставката доставена од осигуреникот/договорувачот на осигурувањето во рок од 30 дена од денот на поднесување на претставката.

Друштвата за осигурување се должни во условите за осигурување да го наведат начинот на вонсудско решавање на споровите.

Друштвата за осигурување се должни да водат регистер на доставени и решени претставки и да ја известуваат Агенцијата за бројот и исходот од доставените и решените претставки

е производот од вкупниот број на удели и цената на уделот на денот на пресметката;

Гарантниот фонд го сочинуваат ставките кои влегуваат во пресметка на капиталот на друштвото за осигурување, кој се состои од основен и дополнителен капитал, пресметан согласно со Законот. Гарантниот фонд не смее да биде понизок од една третина од потребното ниво на маргината на солвентност.

Распоредување на ризикот во времето и во просторот.

Доброволното здравствено осигурување е доброволно и долгорочно осигурување и може да се договори најмалку во траење од една година од денот на почеток на осигурувањето освен ако не е поинаку уредено со закон.

Доброволното здравствено осигурување е неживотно осигурување или дополнително осигурување кон осигурувањето на живот согласно со Законот за супервизија на осигурување

Доброволното здравствено осигурување го спроведуваат друштвата за осигурување кои имаат дозвола за вршење на работи на здравствено осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Осигурување на неодреден рок на траење

Документ со кој се регулираат односите меѓу осигуреникот и осигурувачот.

Со договорот за осигурување договарачот на осигурувањето се обврзува да плати одреден надомест (премија) на осигурувачот а осигурувачот се обврзува, доколку настане осигурениот случај, да му исплати на договарачот на осигурувањето или на некое трето лице одреден паричен износ или да направи нешто друго.

Договорувач на осигурување може да биде физичко или правно лице, кое со осигурувачот склучува договор за осигурување, обврзувајќи се да ја плати премијата за осигурување. Договорувачот нема право на надомест на штета од осигурувањето, освен во случај кога истиот е осигуреник. На пример, во осигурувањето на транспорт, шпедитерските фирми најчесто се договорувачи на осигурување на име и за сметка на  лице чија стока се превезува.

Документот со клучни информации (согласно Правилникот

за осигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик), претставува преддоговорна информација и истиот треба да биде точен, вистинит, јасен и недвосмислен, и терминолошки и суштински усогласен со сите обврзувачки договорни документи (пр. понуда за осигурување, услови за осигурување).

Документот е јасно одделен од промотивниот материјал на друштвото и треба да ги содржи следниве елементи:

  1. Општи податоци;
  2. Кои се клучните карактеристики на производот?;
  3. Кои се ризиците и очекувањата од производот?
  4. Кои се последиците во случај друштвото да не може да изврши исплата?;
  5. Кои и колкави се трошоците поврзани со производот?;
  6. Опции за предвремено прекинување на договорот и последици;
  7. Информации за поднесување на приговори и претставки; и
  8. Останати релевантни информации.

 

Почеток на осигурувањето

Ако поинаку не е договорено, договорот за осгурување произведува свое дејство почнувајќи од дваесет и четвртиот час на денот што е означен во полисата како ден на почеток на траењето на осигурувањето, па се до завршувањето на последниот ден на рокот за кој е договорено осигурувањето. Ако рокот на траењето на осигурувањето не е определен со договор, секоја страна може да го раскине договорот со денот на стасаноста на премијата, известувајќи ја писмено другата страна најдоцна 3 месеци пред стасаноста на премијата. Ако договорот е скклучен на рок подолг од 5 години, секоја страна може по истекот на овој рок а при отказен рок од 6 месеци писмено да и изјави на другата страна дека го раскинува договорот.

ОВА ПРАВИЛО НЕ ВАЖИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕТО НА ЖИВОТ.

**********************************************************************************

дополнително осигурување е осигурување кое е склучено заедно со основното осигурување

Дополнителното здравствено осигурување ги покрива трошоците на име учество со лични средства при користење на здравствени услуги од задолжителното здравствено осигурување, согласно со прописите од задолжителното здравствено осигурување и здравствената заштита.

Дополнителното здравствено осигурување се воспоставува со договор за дополнително здравствено осигурување склучен меѓу осигуреникот и друштвото за осигурување.

Дополнителното здравствено осигурување може да се воспостави и со договор за дополнително здравствено осигурување склучен меѓу друштвото за осигурување и работодавачот за своите вработени и членовите на нивните семејства, здруженија за своите членови или друго правно лице кое има интерес да осигури одредена група на луѓе.

Со договорот за дополнителното здравствено осигурување особено се утврдуваат содржината, начинот и условите за користење на правата од дополнителното здравствено осигурување.

Друштвото за осигурување ја одредува премијата за дополнително здравствено осигурување согласно Условите за осигурување и Тарифите на премии за доброволното здравствено осигурување.

Друштвото за осигурување е должно за вршење на работи на осигурување да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Друштво за осигурување е акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија кое има дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење работи на осигурување.

Друштвото за осигурување може да се основа како: 1) друштво за осигурување; 2) друштво за реосигурување и 3) друштво за осигурување и реосигурување.

Друштвото за застапување во осигурувањето е правно лице – акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија кое врши работи на застапување во осигурувањето и кое има дозвола за вршење работи на застапување во осигурувањето од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

е акционерско друштво со седиште во Република Македонија кое добило дозвола од Комисијата за хартии од вредност за вршење на работи за основање и управување со инвестициски фондови;

е акционерско друштво со седиште во Македонија кое добило дозвола од Комисијата за хартии од вредност за вршење на работи за основање и управување со инвестициски фондови;

Основни цели- Подобра заштита на потрошувачите на финансиски производи и услуги, обнова на довербата во финансискиот систем, хармонизација на законската регулатива за надзор земајќи ги предвид различните интереси на земјите членки и различната природа на финансиските институции. Поголема хармонизација и доследна примена на правилата од страна на финансиските институции и пазарот на ЕУ.

Основни одговорности на ЕИОПА –се поддржување на стабилноста на финансискиот систем, транспарентност на пазарот и производите како и заштита на осигурениците,  членовите на пензиските фондови. ЕИОПА ги идентификува трендовите кои произлегуваат од микро-пруденцијално ниво, преку границите и низ секторите.

Со овој закон се уредуваат условите под кои може да се вршат работи на осигурување на живот, неживотно осигурување и реосигурување, работи на застапување во осигурувањето, осигурително брокерски работи, основање, работење, супервизија и престанок со работа на трговските друштва за осигурување и реосигурување, осигурителните брокерски друштва и друштвата за застапување во осигурувањето како и основањето и работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

За патување на осигуреници со моторни возила во земјите членки на системот на меѓународната зелена карта, во кои регистарската таблица не е доказ за постоење на осигурување од автоодговорност, се издава меѓународна зелена карта како доказ за постоење на тоа осигурување. Оваа карта се издава исклучиво за возила со македонски регистарски таблици.

Основана во 1994 година, доброволна организација за членство на супервизори за осигурување и регулатори од повеќе од 200 јурисдикции, што претставуваат 97% од светските премии за осигурување. Тоа е меѓународно тело за поставување стандарди одговорно за развој и помагање при имплементација на принципи, стандарди и друг придружен материјал за супервизија на осигурителниот сектор.

Мисијата на ИАИС е да промовира ефективен и глобално конзистентен надзор врз осигурителната индустрија, со цел развој и одржување на фер, безбедни и стабилни пазари на осигурување за придобивки и заштита на осигурениците и да придонува за глобалната финансиска стабилност.

Агенцијата за супервизија на осигурување е член во ИАИС, од 2010 година.

е вкупниот број на удели во инвестициски фондови за еден договор за осигурување;

Осигурување на живот каде инвестициониот ризик е на товар на осигуреникот (Јунит Линкд). Јунит Линкд е интернационален термин, глобално прифатен и користен, за овој тип осигурување живот, значи дека вредноста на вложените средства директно зависи од берзанските цени на уделите на инвестициските фондови во кои се вложуваат тие средства.

Вложувањето во јунит линкд осигурување нуди принос повисок од камата, но не може да го исклучи ризикот од загуба што го презема осигуреникот при вложувањето во удели на инвестициски фондови.

Најголемиот дел од уплатените средства од премијата се вложуваат во удели на инвестициски фондови кои осигуреникот сам ги одбра кога го склучува договорот за осигурување.

Претставува денот означен во полисата. На пример: осигурувањето истекува на 10.3.2019 година во 24:00 часот

Капиталот на друштвото за осигурување се состои од основен и дополнителен капитал и се пресметува на начин утврден согласно Законот за супервизија на осигурување.

Врз основа на Меморандумот за соработка потпишан на 19.12.2013 година помеѓу Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како регулаторни институции на финансискиот сектор во Република Македонија, се формира Координациско тело на регулаторни институции во Македонија за финансиска едукација (во понатамошниот текст: Координациско тело). Целта на формирањето на Координациското тело е поттикнување, планирање и реализирање на активности коишто имаат за цел да го подигнат нивото на финансиска писменост на населението во Република Македонија.

Надлежности на Координациското тело

  • поттикнување на соработка помеѓу надлежните институции (регулатори) во доменот на финансиската едукација;
  • покренување иницијативи до надлежните институции и органи за донесување акти кои ќе ја поткрепат идејата за финансиска едукација на населението во Република Македонија;
  • соработка со училишта и високообразовните институции;
  • изработка стратегиски документи, како што е и документот Национална стратегија за финансиска едукација во Република Македонија;
  • дефинирање и предлагање  заеднички проекти за финансиска едукација;
  • разгледување индивидуални проекти коишто треба да започнат и да се спроведат и давање мислење за нив;
  • применување стандарди и препораки во согласност со меѓународно прифатените принципи на Г20, ОЕЦД, ИАИС и други меѓународни организации и институции;
  • организирање, спроведување и проценување анкети за нивото на финансиска писменост во Република Македонија;
  • организирање состаноци, работилници, семинари и други видови обуки со цел подигнување на финансиската писменост на населението во Република Македонија; и
  • промовирање регионална и интернационална соработка на сите потписници во финансиската едукација.

Потпишан нов меморандум за соработка во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија во 2019 година

Соработката меѓу потписниците согласно Меморандумот има за цел да ја подигне свеста кај населението за потребата од финансиска едукација во современото динамично окружување, како и согледување на предностите од финансиската инклузија. Со Меморандумот се очекува да се остварат следните цели:

  • Преку интегрирана визија, спроведување образовни проекти и заеднички заложби на потписниците, се очекува да се придонесе кон подигнување на нивото на финансиска писменост на населението и следствено подобрување на вештините и способноста за носење издржани финансиски одлуки во практиката;
  • Истовремено, соработката треба да овозможи подигнување на нивото на финансиска вклученост, преку зајакнување на сите аспекти на достапност, корисност, ефикасност и подобра информираност за финансиските услуги во земјата, како и соодветна информираност за правата на потрошувачите во финансискиот сектор. Зајакнувањето на финансиската едукација и подобрувањето на финансиската вклученост треба да овозможат оптимизација на услугите коишто ги нуди финансискиот систем заради поддршка на економскиот раст и општествената благосостојба;
  • Дополнително, преку овој меморандум се поттикнуваат, се планираат и се реализираат активности за соработка на регионален и меѓународен план со други организации и институции во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија.

намалување на осигурените суми поради престанок на плаќање на премијата по изминување на определен временски период

Каренца е период во времетраење на осигурувањето во кој доколку настапи осигурен случај, осигурувачот нема обврска за надомест на штета (или има обврска за надомест на штета во износ помал од договорениот).

Класи на осигурување (видови на осигурителни производи)  –работите на осигурување може да се вршат во рамки на следните класи на осигурување:

Неживотно осигурување:

–              Осигурување од последици на несреќен слушај – незгода,

–              Здравствено осигурување,

–              Осигурување на моторни возила (каско),

–              Осигурување на шински возила (каско),

–              Осигурување на воздухоплови (каско),

–              Осигурување на пловни објекти (каско),

–              Осигурување на стока во превоз (карго),

–              Осигурување на имот од пожари и природни непогоди,

–              Други осигурувања на имот,

–              Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила,

–              Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови,

–              Осигурување од одговорност од употреба на пловн објекти,

–              Општо осигурување од одговорност,

–              Осигурување на кредити,

–              Осигурување на гаранции,

–              Осигурување од финансиски загуби,

–              Осигурување на правна заштита,

–              Осигурување на туристичка помош.

Осигурување на живот

–              Осигурување на живот,

–              Осигурување на брак или породување,

–              Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови

–              Осигурување на тонтина (здружение на рентиери)

–              Осигурување на средства за исплата,

–              Осигурување на ануитети за корисници на пензии од задолжително капитално финансирано пензиско осигурување согласно законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци и

–              Осигурување на ануитети за корисници на пензиски надоместоци од доброволно капитално финансирано  пензиско осигурување согласно Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци

Договорот за осигурување е склучен кога ќе се прифати понудата за осигурување. Договорот за осигурување е склучен и кога договарачите ќе ја потпишат полисата на осигурување или листата на покритието, освен ако со пропис не е поинаку определено. Полисата на осигурувањето може да биде привремено заменета со листа на покритието во која се внесуваат суштествените состојки на договорот.

Лице во чија полза се склучува осигурувањето.

Коефициентот на штети се пресметува како сооднос од настанатите штети во периодот и нето премијата од осигурувањето

Коефициентот на трошоци претставува однос меѓу трошоците за спроведување на осигурувањето и нето премијата.

Осигурување пократко од една година

Премијата се утврдува врз основа на:

  • Видот и намената на возилото,
  • Техничките карактеристики на возилото ( сила на мотор, носивост, работна зафатнина, број на регистрирани места и сл.)
  • Видот на осигурувањето,
  • Возраста на осигуреникот,
  • Висината на осигурителното покритие,
  • Бројот на пријавени штети во минатиот осигурителен период,
  • Траењето на осигурувањето,
  • Други основи утврдени со Тарифата на премии за АО

Критски договор” Согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се однесува на внатрешните одредби усвоени на 26. Генерално собрание на Советот на бироата одржано на 30 и 31 мај 2002 година и кои влегоа во сила на 1 јули 2003 година.

Се утврдува во оние случаи кога се склучува договор за осигурување, а не се познати сите податоци што се потребни за дефинитивно склучување на договорот.

е додаток на премијата вклучена во ценовникот, која осигурителот му ја пресметува на осигуреникот за неповолниот однос помеѓу премијата и штетите; односно зголемување на стапката на премија за осигуреникот за следниот период доколку штетите во договорениот претходен период значително ја надминале наплатената премија.

е вид на техничка резерва која се пресметува и издвојува за подмрување на идните обврски по однос на долгорочните договори за осигурување на живот

Согласно Закон за медијација медијацијата се применува во имотноправни, семејни, работни, трговски, потрошувачки, осигурителни спорови, спорови од областа на образованието, заштитата на животната средина, спорови во врска со дискриминацијата, како во други спорни односи каде што медијацијата одговара на природата на спорните односи и може да помогне за нивно разрешување.

„Медијација“ е секое посредување, при решавање на спорниот однос во постапка на медијација во коешто на страните во спорниот однос им се овозможува истиот  да го решат по пат на преговарање,  на мирен начин со помош на еден или повеќе лиценцирани медијатори, со цел да се постигне заедничко прифатливо решение изразено во форма на писмена спогодба.

  1. Наредба за отстранување на незаконитости;
  2. Одредување на дополнителни мерки на супервизија;
  3. Одземање на дозволата;
  4. Воведување на посебна управа;
  5. Спроведување на ликивидација на друштвото;
  6. Поднесување на предлог за отворање стечајна постапка на друштвото

Осигуреникот има право да бара од осигурувачот ако се оствари некој осигурен случај.

надоместот е вредноста на инвестициското портфолио по доспевање на полисата

износот на надомест  одговара на збирот на износите на осигураната сума во случај на смрт и вредноста на инвестициското портфолио;

е вредноста на имотот намалена за износот на обврските на фондот;

е вредноста на имотот намалена за износот на обврските на фондот.

е нето вредност на имотот на фондот поделена со бројот на уделите на фондот во моментот на пресметување на нето вредноста на имотот на фондот;

е нето вредност на имотот на фондот поделена со бројот на уделите на фондот во моментот на пресметување на нето вредноста на имотот на фондот;

Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, или тој бил во настанување или било извесно дека ќе настане, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.

Облигационите односи настануваат од согласност на волји, причинување штета на друг, неосновано збогатување, неповикано вршење туѓи работи, еднострана изјава на волја и од други факти признати со пропис, одлука на суд или друг орган на јавната власт.

Друштвата се должни:
– при обработка на штета да комуницираат на јасен и разбирлив начин, да постапуваат Навремено,
Фер, Транспарентно;
– на својата веб страница да ги објават листа на потребна документација и обрасците за
поднесување на барање за надомест на штета по класи на осигурување;
– најдоцна во рок од 14 дена од поднесување на барањето за надомест на штета да провери дали
кон барањето е доставена комплетна потребна документација и да изврши увид и проценка на
оштетувањата/повредите;
– ако барањето не е комплетно друштвото по писмен или електронски пат треба да побара од
оштетениот да го комплетира барањето;
– увидот на оштетувањата се врши во присуство на оштетениот или негов полномошник освен во
случај на проценка на повреди (нематеријална штета) кои може да се утврдат врз основа на
документација и без присуство на оштетениот;
– по извршен увид проценителот е должен да состави записник на пропишан и испечатен образец
односно наод/мислење кој ги содржи сите податоци утврдени во текот на проценката. Записникот
за материјалната штета задолжително го потпишува оштетениот/полномошникот и проценителот.
Доколку оштетениот не можел или несакал да присуствува при увидот тогаш проценителот е
должен тоа да го констатира во записникот;
– врз база на приложената документација и прибавената по службена должност, друштвото врши
утврдување на правниот основ на штетата;
– најдоцна во рок од 60 дена од прием на барањето за надомест друштвото до оштетениот треба
да достави:

Образложена понуда доколку обврската на друштвото и висината на штетата не се
спорни;
Образложен одговор доколку обврската на друштвото е спорна
Образложен одговор доколку висната на штетата е спорна

Образложената понуда за надомест на штета мора да содржи:

  • ден на прием на барањето за надомест и содржина на добиената документација,
  • број и вид на штетата,
  • број на полисата за осигурување,
  • податоци за оштетениот,
  • назнака дали барањето е основано во целост или делумно и на основа на што е утврден правниот основ,
  • образложение врз основа на која документација е утврден основот и висината на надомест на штетата,
  • износ на утврдениот надомест на штетата,
  • упатство за правно средство,

Овластен актуар е лице кое има дозвола за работа како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Одговорно друштво за осигурување“ Согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот претставува друштвото со кое сопственикот на превозното средство со чија употреба е причинета незгодата склучил договор за задолжително осигурување;

За орган на управување во друштво за осигурување се смета управен одбор, односно извршни директори на друштво за осигурување.

За надзорен орган во друштво за осигурување се смета надзорен одбор, односно неизвршни директори на друштво за осигурување.

Пренесување на ризикот кој се наоѓа во нашето окружување од поединецот на осигурувачот (друштво за осигурување) со склучување договор за осигурување

Осигуреник е физичко, или правно лице на чие име гласи договорот за осигурување, обезбедувајќи покритие од несаканиот ризик. Во пракса, најчесто се случува осигуреникот во исто време да биде и договорувач. Постојат ситуации, кога на ризик се изложени туѓи добра, за кои што трето лице (договорувачот) има интерес тие да бидат осигурени. Така на пример, кај имотните осигурувања договорувач не мора секогаш да биде сопственикот на осигурените добра. При осигурувањето на стан, договорувач не мора да биде сопственикот на станот, бидејќи станот може да биде изнајмен на користење на подолг временски период. Кај осигурувањето на лица од последици на несреќен случај родителот може да ги осигура своите деца, или пак својот брачен партнер.

Осигурувач е осигурително друштво кое што со склучување на договор за осигурување се обврзува на надомест на штета, односно исплата на договорениот паричен износ на осигуреникот.

Осигурителен брокер е лице кое има добиено лиценца за осигурителен брокер од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување. Осигурителниот брокер е должен да ги штити интересите на осигурениците, што вклучува давање појаснувања и совети на осигурениците за сите околности релевантни за нивното одлучување во однос на склучување на договори за осигурување. Осигурителниот брокер е должен да изготви адекватна анализа на ризикот и предложи соодветно осигурително покритие за осигуреникот; да го информира друштвото за осигурување за намерата на осигуреникот да склучи договор за осигурување и да го запознае осигуреникот со условите на полисите и прописите кои го регулираат определувањето на износот на премија; да ја провери содржината на полисите за осигурување и да укажува помош на осигуреникот во текот на важење на договорот за осигурување, како пред, така и по настанување на осигурениот настан.

Настанот со оглед на кој се склучува осигурувањето (осигурениот случај), мора да биде иден, неизвесен, и независен од исклучивата волја на договарачот. Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, или тој бил во настанување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.

Ако е договорено дека со осигурувањето ќе биде опфатен определен период кој му претходи на склучувањето на договорот, договорот ќе биде ништовен само ако во моментот на неговото склучување на заинтересираната страна и било познато дека веќе настанал осигурениот случај, односно дека веќе престанала можноста тој да настане.

Започнува односно престанува на денот и часот означени на полисата

Осигурително брокерско друштво е правно лице-акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија кое има дозвола за вршење осигурително брокерски работи од Агенцијата за супервизија на осигурување. Осигурително брокерско друштво врши осигурително брокерски работи преку осигурителни брокери.

Друштво за осигурување можат да основаат домашни и странски физички и правни лица.

претставува посебен имот, без својство на правно лице, чии сопственици на удели имаат право на сразмерен дел од добивката на фондот и во секое време имаат право да побараат исплата на уделот, со што ќе истапат од фондот;

е износот кој го исплатува друштвото за осигурување на живот при предвремен престанок на осигурувањето по барање на договорувачот

Перманентната вонтеренска супервизија на работењето на друштвата претставува систем на

постапки и процеси кој се заснова на постојано следење на работењето на друштвото и промените во работењето на друштвото, преку анализа на извештаите и информациите кои друштвото ги доставува до Агенцијата согласно Законот за супервизија на осигурување, Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, подзаконските прописи донесени врз основа на овие закони и други прописи.

Oбразец во кој се внесуваат податоците за лицето што има желба да склучи осигурување и податоците за предметот на осигурувањето.

Лице што има желба да склучи договор за осигурување со осигурувачот и за таа цел поднесува своја писмена понуда.

Образец што се пополнува при склучување на договорот за осигурување. Таа мора да ги содржи сите меродавни обележја врз основа на кои може да се утврдат предметот на осигурување, сумата на осигурување, премијата за осигурување, ризиците од кои се осигурува предметот, како и почетокот и престанокот на договорот за осигурување.

Претставува денот означен во полисата. На пример: почетокот на осигурувањето е на 10.3.2018 година со почеток во 24:00 часот

Правните лица и физичките лица кои вршат дејност и граѓаните во Република Северна

Македонија, се осигуруваат во друштвата за осигурување основани согласно Законот за супервизија на осигурување.

Првиот чекор од процесот за штетите е известување од страна на осигуреникот до друштвото за осигурување дека се случила штета. Штетата треба да се пријави веднаш или во најкраток можен рок.

Претставува разликата помеѓу календарската година во која почнува осигурувањето и календарската година на раѓање на осигуреникот.

Износот што осигуреникот му го плаќа на осигурувачот за носење на соодветен ризик.

Премијата за осигурување се состои од техничка премија и дел на премијата за вршење на дејноста на осигурувањето.

Техничката премија е дел од премијата наменет за исполнување на обврските од договорите за осигурување.

Премијата за осигурување се состои од техничка премија и дел на премијата за вршење на дејноста на осигурувањето. Техничка премија-е дел од премијата наменет за исполнување на обврските од договорите за осигурување

Процентна или промилна стапка со чија премија на осигурена сума (процентна или промилна пресметка) се пресметува премијата на осигурување за одреден ризи

Во случај кога осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека друштвото за

осигурување не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка до:

1)организациона единица надлежна за решавање на спорови во рамки на друштвото за осигурување;

2) службата за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;

3) организацијата за заштита на потрошувачи и

4) Агенцијата за супервизија на осигурување.

Премијата за осигурување на живот се состои од:

1) дел од премија на име математичка резерва -штеден дел;

2) дел од премија на име ризико премија и

3) дел од премија на име трошоци за работење на друштвото за осигурување.

Превозно средство“ Согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот е средство за превоз на патници во јавен сообраќај, моторно и приклучно возило, воздухоплов и брод или чамец на моторен погон;

Приватното здравствено осигурување ги покрива трошоците за здравствени услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, повисок стандард на здравствените услуги кои произлегуваат од задолжителното здравствено осигурување, трошоците за покривање на здравствените услуги користени во дополнителната дејност, како и за користење на здравствените услуги во здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи во која се врши здравствената дејност и во правните лица кои вршат изработка, издавање и сервисирање на ортопедски и други помагала.

Друштвото за осигурување ја одредува премијата за приватно здравствено осигурување согласно Условите за осигурување и Тарифите на премии за доброволното здравствено осигурување.

Согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот сопственикот на моторното возило е должен писмено да го извести друштвото за осигурување со кое склучил договор за осигурување од автомобилска одговорност за промена на регистарските податоци кои се однесуваат на тоа моторно возило во рок од 15 дена од денот на настанатата промена.

Ако во текот на траењето на осигурувањето се промени сопственикот на моторното возило, правата и обврските од договорот за осигурување преминуваат врз новиот сопственик до истекот на тековниот период на осигурување

лице што врши процена на штети. Проценителот ја испитува одговорноста како и висината на исплатата.

Неискористен дел од премијата од една полиса, кој се сторнира пред истекот на осигурувањето, а се признава во премијата на новото склучено осигурување.

Работи на осигурување можат да вршат:

  • друштво за осигурување со седиште во Република Северна Македонија, кое има дозвола

за вршење на работи на осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување;

  • филијала на странско друштво за осигурување која добила дозвола за вршење на работи

на осигурување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување и

  • друштво за осигурување на земја членка, кое основало филијала на територијата на

Република Северна Македонија или е овластено директно да врши работи на осигурување на

територијата на Република Северна Македонија.

Резерви на сигурност се средства наменети за покривање на обврските од договорите за осигурување во подолг временски период.

Ризикот којшто е опфатен со осигурувањето (осигурениот ризик) мора да биде иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот на осигурувањето или осигуреникот.

Времетраење на важност на договорот за осигурување (почеток и истек на осигурувањето)

Специјални права на влечење (СПВ)“ Согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се специјални права на влечење (пресметковна вредност) дефинирани од страна на Меѓународниот монетарен фонд, изразени во денарска противвредност на Народната банка на Република Северна Македонија.

Страни на облигационите односи можат да бидат физички и правни лица. Страните се еднакви и рамноправни,  должни се да соработуваат, да се придржуваат кон начелото на совесност и чесност, слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Уставот, присилните прописи и добрите обичаи (моралот).

Странско моторно возило“ Согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот е моторно возило регистрирано надвор од територијата на Република Северна Македонија;

Степен на пенетрација се пресметува како однос на бруто полисираната премија и бруто домашниот производ.

Степенот на густина се пресметува како однос на бруто полисираната премија и бројот на жители во земјата.

Средствата кои ги покриваат техничките резерви, се оние средства на друштвото за осигурување кои служат за покривање на идните обврски на друштвото за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување, како и можните загуби во однос на оние ризици поврзани со вршење на работи на осигурување за кои друштвото за осигурување е должно да издвои средства за технички резерви.

Солвентност 2 – (англиски: Solvency II) е регулаторна рамка за адекватноста на капиталот и за управување со ризиците на друштвата за осигурување во Европската Унија.

Основните цели на „Солвентност 2“ се: поголема заштита на интересите на осигурениците, поголема транспарентност, поголема споредливост и конкурентност на пазарите на осигурителни услуги во ЕУ. Оваа регулаторна рамка ги зема предвид новитетите во областа на управувањето со ризиците, корпоративното управување и финансиското известување во осигурителните друштва.

Процесот на примена на „Солвентност 2“ се спроведува низ четири нивоа:[2] Првото ниво се однесува на Директивата „Солвентност 2“ (Директива 2009/138/ЕЗ) која на предлог на Европската комисија, а по советување на ЕИОПА (European Insurance and Occupational Pensions Authority, EIOPA) ја усвоиле Европскиот парламент и Советот на министрите на 5 мај 2009 година. Потоа, примената на оваа директива одела преку изработка на посебни мерки кои ги усвоила Европската комисија во октомври 2014 година. Овие мерки го претставуваат второто ниво на примена на „Солвентност 2“. Третото ниво ги вклучува препораките и начелата за спроведување на супервизијата кои до декември 2015 година ги донела ЕИОПА во различна правна форма. Во текот на 2015 година, земјите-членки на ЕУ вршеле приспособување на нивните национални законодавства со цел да ги хармонизираат со Директивата и со препораките на ЕИОПА, а Европската комисија вршела надзор на тој процес. На тој начин била заокружена четвртата етапа во примената на „Солвентност 2“. Притоа, регулаторниот режим „Солвентност 2“ започнал да се применува во членките на ЕУ од 1 јануари 2016 година.

Агенцијата за супервизија на осигурување спроведува супервизија на друштвата за осигурување со цел да утврди дали вршењето на работи на осигурување е согласно правилата за управување со ризик, другите одредби од Законот за супервизија на осигурување, или други закони кои го регулираат работењето на друштвата за осигурување.

Сумата на која гласи осигурувањето. Сумата ја одредува осигуреникот.

Тарифата ја утврдува висината на премија на соодветниот ризик кој го содржи секој вид на осигурување. Најопшто секоја тарифа содржи:

-предмет на осигурување,

-општи одредби (премија, основи за пресметка на премија, време за кое се пресметува, начин на плаќање…),

-доплатоци и попусти,

– одделни одредби (основи за тарифирање, подрачје на примена)

– утврдување на премиски стапки.

Заради трајно обезбедување на извршувањето на обврските по договорите за осигурување, друштвото за осигурување е должно да формира технички резерви, кои се

состојат од:

1) резерви за преносни премии;

2) резерви за бонуси и попусти;

3) резерви за штети и 4) други технички резерви.

Регулаторната рамка „Солвентност 2“ се темели врз три столба:[3]

1 столб – Квантитативни барања. Овој столб опфаќа одредени квантитативни барања за осигурителните друштва во однос на основата за одредување и пресметка на техничките резерви, одредување и проценка на сопствените средства на друштвата, вреднување на ставките од билансот на состојбата, пресметка на минималнито потребен капитал, пресметка на минималниот солвентен капитал, определување правила за инвестирање на средствата итн.

2 столб – Квалитативни барања за корпоративното управување на осигурителните друштва, определување на принципите на внатрешната контрола и системот за управување со ризиците, спроведување сопствена проценка на ризиците и солвентноста, како и воспоставување нови принципи на супервизорската оцена.

3 столб – Пазарна дисциплина и известување. Третиот столб поставува стандарди за поголема транспарентност во работата на осигурителните друштва, стандарди за финансиското известување и за обелоденувањето податоци, нови правила за известување до надлежниот супервизорски орган итн.

Теренска супервизија на работењето на друштвата претставува систем на постапки и процеси

преку кои се утврдува сигурноста, стабилноста, ризичноста и усогласеноста на друштвото со

прописите, при што се применуваат интерните правила и процедури донесени од страна на

Агенцијата. Теренската супервизија ја спроведуваат супервизори.

е сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд;

е сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност од инвестицискиот фонд;

е сразмерен пресметковен дел од вкупната вредност на инвестицискиот фонд кој зависи од висината на влогот во инвестицискиот фонд и цената на еден инвестиционен удел на денот на инвестирањето;

Друштвото за осигурување е должно во секое време да располага со соодветен капитал во однос на обемот на работа и класите во рамките на кои врши работи на осигурување, како и ризиците на кои е изложено при вршење на тие работи.

Условите за осигурување се основните инструкции за работа на друштвото за осигурување. Секој вид осигурување има соодветни услови по кои се врши осигурувањето. Условите во себе содржат:

  • вид на осигурување.
  • општи одредби за осигурување,
  • почеток и престанок на обврската на осигурувачот,
  • плаќање на премија,
  • што е предмет на осигурување,
  • осигурени опасности (ризици),
  • пресметување на премија (доплатоци, попусти),
  • утврдување (процена) на висина на надомест на штета,
  • посебни одбележувања (специфичности) за определен вид на осигурување…

Вклученост на населението во користењето на финансиските услуги и производи

Финансиска едукација  е процес со кој финансиските потрошувачи, осигурениците/инвеститорите го подобруваат разбирањето за финансиските производи, концептите и ризиците преку добивање на информации, инструкции и објективни совети со цел

–              развивање на нивните вештини и доверба,

–              да станат повеќе свесни за финансиките ризици и можностите,

–              да донесат добра одлука,

–              да превземат ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба,

–              да знаат каде да се обратат за помош

Претставува износот на штета што не е покриен со осигурувањето, иако штетата како таква е осигурена. Во суштина, франшизата претставува ограничување, односно смалување на рамките на покритието на осигурувачот бидејќи еден дел од штетата ја покрива осигуреникот сам. Во осигурувањето со примена на франшиза останува дел на непокриен ризик, кој останува на товар на осигуреникот. Осигуреникот, всушност, еден мал дел од ризикот носи на сопствена сметка.

Финансиска писменост е комбинација од финансиска свесност, знаење, вештини, став и однесувања неопходни за донесување корисни финансики одлуки.

Законот уредува заштита на правата на потрошувачите, условите и начинот на заштита на потрошувачите. Некои поими од законот:

  • Потрошувач е секое физичко или правно лице кое купува производи или користи услуги,
  • Услуга е било која дејност која е наменета за понуда на потрошувачите,
  • Продажни услови се условите кои се однесуваат на начинот на плаќање на цената за продажба на производот или давањето на услугата во готово, на рати, со картичка, со попусти или на друг начин.

Со Законот се уредува задолжителното осигурување на: а) патници во јавен превоз од последици на несреќен случај – незгода; б) сопственици, односно корисници на моторни и приклучни возила; в) патници, багаж и ствари во воздушен сообраќај како и авиопревозниците односно операторите на воздухоплови и г) сопственици, односно корисници на бродови, односно чамци на моторен погон, од одговорност за штети предизвикани на трети лица во сообраќајот и други прашања од значење за задолжителното осигурување во сообраќајот.

Застапник во осигурување е физичко лице кое има лиценца за застапник во осигурувањето од Агенцијата за супервизија на осигурување. Застапникот врши работи на подготовка и склучување на договори за осигурување во име и за сметка на едно или повеќе друштва за осигурување основани согласно со овој закон, за производи на осигурување кои меѓусебно не си конкурираат. Застапникот во осигурувањето може да врши и работи на продолжување и прекинување на договори за осигурување врз основа на согласност на осигурениците. Застапникот во осигурувањето не смее во свое име и за своја сметка да наплаќа премија или други надоместоци за осигурување од договорувачот на осигурувањето.

Со меѓународна зелената карта се обезбедува осигурително покритие за штети причинети кон трети лица и предмети при управување со моторно возило во странство, односно во земјите членки на системот „Зелена карта“. Оваа полиса е услов за влез со моторно возило со македонски регистарски таблички во друга држава.
Периодот на валидност на Зелената карта е ограничен со времето на валидност на полисата за осигурување од автоодговорност. За разлика од полисата за осигурување од автоодговорност, а во полза на правната сигурност на оштетените, осигурувањето кај Зелената карта во целост ги покрива двата наведени дена – и денот од кога почнува и денот кога изминува важноста на осигурувањето.

е единствена цена еднаква на нето вредноста на имотот на фондот по удел, која се пресметува врз основа на пазарната цена на сите хартии од вредност од портфолиото на фондот

е единствена цена еднаква на нето вредноста на имотот на фондот по удел, која се пресметува врз основа на пазарната цена на сите хартии од вредност од портфолиото на фондот;

Facebook
LinkedIn
Instagram