- Претставка до Агенцијата за супервизија на осигурување (во понатамошниот текст: АСО) се поднесува со цел заштита и остварување на правата и интересите на осигурениците, корисниците на осигурување и трети оштетени лица.
- Осигурениците, корисниците на осигурување и трети оштетени лица имаат право да поднесат претставка до АСО за работата на друштвата за осигурување и/или реосигурување, осигурително брокерските друштва, друштвата за застапување во осигурување, застапниците во осигурување и Националното биро за осигурување (во понатамошниот текст: Субјекти).
- Доколку лицата не можат да ги остварат своите права согласно договорот за осигурување (полисата) или нивните права се загрозени со активност од страна на Субјектите, потребно е прво писмено да се обратат до истите. Доколку не се задоволни од одговорот или Субјектот не ги извести во рок од 30 дена, тогаш имаат право да поднесат претставка до АСО.
- во писмена форма (непосредно во АСО или по пошта);
- во електронска форма на pretstavki@aso.mk; или
- лично во АСО со изготвување на записник.
За дополнителни информации обратете се на телефонските броеви: 3 254 053, 3 254 076, 3 254 077
Дополнителни информации
- Правилник за постапување по претставки
- Закон за супервизија на осигурување -неофицијален пречистен текст
- Анализа на претставките во периодот 1.1-31.12.2022 година
- Анализа на претставки во период 1.1-30.9.2022 година
- Анализа на претставките во периодот 1.1-30.6.2022 година
- Анализа на претставки во периодот од 1.1.2023-31.3.2023 година