Поимник

Поимник

Актуарите се стручни лица, едуцирани од областа на математика, статистика, веројатност и финансии. Актуарите поседуваат аналитички и деловни вештини кои ги применуваат при анализа на финансиската неизвесност и ризиците за целите на комплексните финансиски и социјални системи во целиот свет.

Актуарите преку анализа на минатите настани, и оценка на тековните ризици, креираат модели кои ги користат за проектирање на идните настани. На тој начин ги предвидуваат финансиските импликации врз работењето и обезбедуваат значајни информации за креаторите на долгорочните стратегии.

Повеќе од 100 години, актуарите во светот ја даваат својата експертиза во управувањето со ризик во осигурувањето на живот, неживотното осигурување, пензиското и здравственото осигурување, а се повеќе се ангажирани и во корпоративните финансии, инвестициите, банкарството, регулативата, образованието, итн.

Покрај математичките познавања, актуарите добро ја разбираат економијата, праксата и законите во државата во која работат, демографските и финансиските движењa, и на практичен и соодветен начин ги презентираат актуарските познавања и резултатите од анализите.

Актуарите, преку националните актуарски здруженија, придонесуваат за заштита на јавниот интерес на земјата преку примена на своите знаења за јавни добра и давање помош и совети во врска со регулативата во областа на финансиите и социјалното и здравственото осигурување.

Распоредување на ризикот во времето и во просторот.

Осигурување на неодреден рок на траење

Документ со кој се регулираат односите меѓу осигуреникот и осигурувачот.

Со договорот за осигурување договарачот на осигурувањето се обврзува да плати одреден надомест (премија) на осигурувачот а осигурувачот се обврзува, доколку настане осигурениот случај, да му исплати на договарачот на осигурувањето или на некое трето лице одреден паричен износ или да направи нешто друго.

Договарач на осигурувањето е она лице што со осигурувачот склучува договор за осигурување.

Друштво за осигурување е акционерско друштво со седиште во Република Северна Македонија кое има дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење работи на осигурување.

Друштвото за осигурување може да се основа како: 1) друштво за осигурување; 2) друштво за реосигурување и 3) друштво за осигурување и реосигурување.

Друштвото за осигурување е должно за вршење на работи на осигурување да добие дозвола од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Основни цели- Подобра заштита на потрошувачите на финансиски производи и услуги, обнова на довербата во финансискиот систем, хармонизација на законската регулатива за надзор земајќи ги предвид различните интереси на земјите членки и различната природа на финансиските институции. Поголема хармонизација и доследна примена на правилата од страна на финансиските институции и пазарот на ЕУ.

Основни одговорности на ЕИОПА –се поддржување на стабилноста на финансискиот систем, транспарентност на пазарот и производите како и заштита на осигурениците,  членовите на пензиските фондови. ЕИОПА ги идентификува трендовите кои произлегуваат од микро-пруденцијално ниво, преку границите и низ секторите.

Со овој закон се уредуваат условите под кои може да се вршат работи на осигурување на живот, неживотно осигурување и реосигурување, работи на застапување во осигурувањето, осигурително брокерски работи, основање, работење, супервизија и престанок со работа на трговските друштва за осигурување и реосигурување, осигурителните брокерски друштва и друштвата за застапување во осигурувањето како и основањето и работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Основана во 1994 година, доброволна организација за членство на супервизори за осигурување и регулатори од повеќе од 200 јурисдикции, што претставуваат 97% од светските премии за осигурување. Тоа е меѓународно тело за поставување стандарди одговорно за развој и помагање при имплементација на принципи, стандарди и друг придружен материјал за супервизија на осигурителниот сектор.

Мисијата на ИАИС е да промовира ефективен и глобално конзистентен надзор врз осигурителната индустрија, со цел развој и одржување на фер, безбедни и стабилни пазари на осигурување за придобивки и заштита на осигурениците и да придонува за глобалната финансиска стабилност.

Агенцијата за супервизија на осигурување е член во ИАИС, од 2010 година.

Претставува денот означен во полисата. На пример: осигурувањето истекува на 10.3.2019 година во 24:00 часот

Капиталот на друштвото за осигурување се состои од основен и дополнителен капитал и се пресметува на начин утврден согласно Законот за супервизија на осигурување.

Класи на осигурување (видови на осигурителни производи)  –работите на осигурување може да се вршат во рамки на следните класи на осигурување:

Неживотно осигурување:

–              Осигурување од последици на несреќен слушај – незгода,

–              Здравствено осигурување,

–              Осигурување на моторни возила (каско),

–              Осигурување на шински возила (каско),

–              Осигурување на воздухоплови (каско),

–              Осигурување на пловни објекти (каско),

–              Осигурување на стока во превоз (карго),

–              Осигурување на имот од пожари и природни непогоди,

–              Други осигурувања на имот,

–              Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила,

–              Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови,

–              Осигурување од одговорност од употреба на пловн објекти,

–              Општо осигурување од одговорност,

–              Осигурување на кредити,

–              Осигурување на гаранции,

–              Осигурување од финансиски загуби,

–              Осигурување на правна заштита,

–              Осигурување на туристичка помош.

Осигурување на живот

–              Осигурување на живот,

–              Осигурување на брак или породување,

–              Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови

–              Осигурување на тонтина (здружение на рентиери)

–              Осигурување на средства за исплата,

–              Осигурување на ануитети за корисници на пензии од задолжително капитално финансирано пензиско осигурување согласно законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци и

–              Осигурување на ануитети за корисници на пензиски надоместоци од доброволно капитално финансирано  пензиско осигурување согласно Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци

Договорот за осигурување е склучен кога ќе се прифати понудата за осигурување. Договорот за осигурување е склучен и кога договарачите ќе ја потпишат полисата на осигурување или листата на покритието, освен ако со пропис не е поинаку определено. Полисата на осигурувањето може да биде привремено заменета со листа на покритието во која се внесуваат суштествените состојки на договорот.

Лице во чија полза се склучува осигурувањето.

Осигурување пократко од една година

Се утврдува во оние случаи кога се склучува договор за осигурување, а не се познати сите податоци што се потребни за дефинитивно склучување на договорот.

Осигуреникот има право да бара од осигурувачот ако се оствари некој осигурен случај.

Договорот за осигурување е ништовен ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, или тој бил во настанување или било извесно дека ќе настане, или ако веќе тогаш престанала можноста тој да настане.

Облигационите односи настануваат од согласност на волји, причинување штета на друг, неосновано збогатување, неповикано вршење туѓи работи, еднострана изјава на волја и од други факти признати со пропис, одлука на суд или друг орган на јавната власт.

Овластен актуар е лице кое има дозвола за работа како овластен актуар од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Пренесување на ризикот кој се наоѓа во нашето окружување од поединецот на осигурувачот (друштво за осигурување) со склучување договор за осигурување

Лицето што е осигурено или чиј имот е осигурен.

Осигурен случај е настан предизвикан од осигурениот ризик.

Започнува односно престанува на денот и часот означени на полисата

Друштво за осигурување можат да основаат домашни и странски физички и правни лица.

Oбразец во кој се внесуваат податоците за лицето што има желба да склучи осигурување и податоците за предметот на осигурувањето.

Лице што има желба да склучи договор за осигурување со осигурувачот и за таа цел поднесува своја писмена понуда.

Образец што се пополнува при склучување на договорот за осигурување. Таа мора да ги содржи сите меродавни обележја врз основа на кои може да се утврдат предметот на осигурување, сумата на осигурување, премијата за осигурување, ризиците од кои се осигурува предметот, како и почетокот и престанокот на договорот за осигурување.

Претставува денот означен во полисата. На пример: почетокот на осигурувањето е на 10.3.2018 година со почеток во 24:00 часот

Правните лица и физичките лица кои вршат дејност и граѓаните во Република Северна Македонија, се осигуруваат во друштвата за осигурување основани согласно Законот за супервизија на осигурување.

Износот што осигуреникот му го плаќа на осигурувачот за носење на соодветен ризик.

Премијата за осигурување се состои од техничка премија и дел на премијата за вршење на дејноста на осигурувањето.

Техничката премија е дел од премијата наменет за исполнување на обврските од договорите за осигурување.

Премијата за осигурување се состои од техничка премија и дел на премијата за вршење на дејноста на осигурувањето. Техничка премија-е дел од премијата наменет за исполнување на обврските од договорите за осигурување

Премијата за осигурување на живот се состои од:

1)            дел од премија на име математичка резерва-штеден дел,

2)            дел од премија на име ризико премија и

3)            дел од премија на име трошоци за работење на друштвото за осигурување

Процентна или промилна стапка со чија премија на осигурена сума (процентна или промилна пресметка) се пресметува премијата на осигурување за одреден ризи

Неискористен дел од премијата од една полиса, кој се сторнира пред истекот на осигурувањето, а се признава во премијата на новото склучено осигурување.

Резерви на сигурност се средства наменети за покривање на обврските од договорите за осигурување во подолг временски период

Ризикот којшто е опфатен со осигурувањето (осигурениот ризик) мора да биде иден, неизвесен и независен од исклучивата волја на договарачот на осигурувањето или осигуреникот.

Времетраење на важност на договорот за осигурување (почеток и истек на осигурувањето)

Страни на облигационите односи можат да бидат физички и правни лица. Страните се еднакви и рамноправни,  должни се да соработуваат, да се придржуваат кон начелото на совесност и чесност, слободно ги уредуваат облигационите односи во согласност со Уставот, присилните прописи и добрите обичаи (моралот).

Друштвото за осигурување е должно во секое време да располага со соодветен капитал во однос на обемот на работа и класите во рамките на кои врши работи на осигурување, како и ризиците на кои е изложено при вршење на тие работи.

Претставува износот на штета што не е покриен со осигурувањето, иако штетата како таква е осигурена. Во суштина, франшизата претставува ограничување, односно смалување на рамките на покритието на осигурувачот бидејќи еден дел од штетата ја покрива осигуреникот сам. Во осигурувањето со примена на франшиза останува дел на непокриен ризик, кој останува на товар на осигуреникот. Осигуреникот, всушност, еден мал дел од ризикот носи на сопствена сметка.

Осигурувањето од автомобилска одговорност претставува законски задолжителна обврска пред вклучување на возилото во сообраќај, односно потребно е да ја поседувате при регистрација на возилото. Со автомобилската одговорност покриена е одговорноста на сопственикот на возилото за штети причинети кон трети лица и предмети при употреба на моторно возило во сообраќајот. Односно, штетата што ќе ја предизвика возачот (осигурaн од автомобилска одговорност во моментот на настанување на штетата) кон трето лице, нема да биде на негов товар, туку на друштвото за осигурување од каде е издадена полисата за осигурување. Годишната премија се определува согласно видот и карактеристиките на моторното возило, и тоа согласно Тарифата за задолжително осигурување во сообраќајот како и со примена на соодветен бонус за немање штети односно малус за причинети штети во претходен период. Покрај основното осигурување полисата за автомобилска одговорност може да ја дополните со автонезгода (осигурување на возач и патници од последици на несреќен случај-незгода) и автостакла (делумно каско осигурување-кршење на стакло)

Со меѓународна зелената карта се обезбедува осигурително покритие за штети причинети кон трети лица и предмети при управување со моторно возило во странство, односно во земјите членки на системот „Зелена карта“. Оваа полиса е услов за влез со моторно возило со македонски регистарски таблички во друга држава.
Периодот на валидност на Зелената карта е ограничен со времето на валидност на полисата за осигурување од автоодговорност. За разлика од полисата за осигурување од автоодговорност, а во полза на правната сигурност на оштетените, осигурувањето кај Зелената карта во целост ги покрива двата наведени дена – и денот од кога почнува и денот кога изминува важноста на осигурувањето.