Финансиска едукација
Финансиска едукација е процес со кој финансиските потрошувачи, осигурениците/инвеститорите го подобруваат разбирањето за финансиските производи, концептите и ризиците преку добивање на информации, инструкции и објективни совети со цел
- развивање на нивните вештини и доверба
- да станат повеќе свесни за финансиките ризици и можностите
- да донесат добра одлука
- да превземат ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба
- да знаат каде да се обратат за помош
Финансиска писменост е комбинација од финансиска свесност знаење, вештини, став и однесувања неопходни за донесување корисни финансики одлуки.
Нашите активности се насочени кон различни интересни групи, со особен акцент на младата популација и учениците:
- ги инкорпорира младите преку посета на училишта и факултети;
- развива и публикува друштвени игри;
- издава едукативни брошури и памфлети;
- организира конференции, семинари, работилници;
- спроведува Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември;
- спроведува Конкурс за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија;
- присуствуваа на трибини, форуми, радио и ТВ емисии и др.
Агенцијата стреми да го презентира практичниот аспект од финансиската едукација и да делува како надополнување на формалното образование.