Работна средба на земјите носители на Проектот за подготовка на Националната стратегија за финансиска едукација во соработка со OECD и Министерството за финансиии на Холандија
Во периодот од 6-8 ноември,2019 година во Тбилиси, Грузија се одржа втората по ред работна средба на тема Унапредување на финансиската писменост во Југоисточна Европа. Домакин на средбата беше Националната Банка на Грузија во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД),и Министерството за финансии на Холандија како покровители. На истата учествуваше претставник од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Средбата беше конципирана во времетраење од два дена. Во текот на првиот конференциски ден фокусот беше ставен на институционални теми, концепт и прашања поврзани со имплементација на национална стратегија за финансиско образование со цел размена на искуство и знаење, споделување на анализи од истражувања од областа на финансиската едукација и инклузија на ОЕЦД, запознавање со предизвиците во областа, планирање на следни активности во рамки на среднорочниот проект. Додека пак, вториот ден беше посветен на работилница во чии рамки заедно со официјалните лица, практичари и експерти од земјите кои се директно одговорни за дизајнирање и спроведување на националните иницијативи за финансиско образование се работеше и се разменуваа искуства и знаење. Истата стави фокус на изготвување на студија на случај и политика за справување со предизвиците на финансиската писменост и едукација кај младата популација (ученици и студенти), рурално население и мали и средни претпријатија.
Агенцијата за супервизија на осигурување во престојните 4 години а во рамки на времетраење на проектната активност со Министерството на Холандија ќе биде посветена на соработката со членовите на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија, и исто така, дополнително ќе ги развива односите и релациите со другите земји кои се дел од овој проект , со цел да придонесе во подготовката на сеопфатен стратешки документ кој ќе ги содржи елементите за развој на финансиската едукасија и писменост на населението во нашата држава.