Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонијаза 2024 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри,Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2024 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
- опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2024 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Вработените и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.
Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите изработени во коавторство не се прифатливи.
На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во текот на 2024 година. При поднесувањето на трудот, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен трудот.
Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку 3 (три) истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.
Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024година“.
Покрај трудот, авторот треба да достави и биографски податоци. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер.
Изборот на најдобар труд го врши Комисија која се состои од пет члена, од кои најмалку тројца се надворешни членови. Членовите на Комисијата ги назначува Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување со одлука која ќе се објави на интернет-страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2024 година.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување ќе се додели на 1.11.2