Зајакнување на соработката меѓу регулаторот и актуарската заедница

На 30 јули, во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување, се одржа работна средба помеѓу претседателот на Советот на експерти, Ели Дракуловска и претседателот на Македонското актуарско здружение, Цветлана Винцензи Маркулевска. На средбата се разговараше за унапредување и зајакнување на соработката, со посебен фокус на прашања од актуарската практика и значењето на улогата на актуарите во осигурителниот сектор.

Двете страни ја истакнаа желбата и потребата за континуираната комуникација и заедничкото делување за унапредување на позицијата „Актуар“  во насока на заштита на интересите на осигурениците.