Беше задоволство и гордост за нас од АСО денеска да ги пречекаме нашите мали амбасадори на осигурувањето – петтоделенците од основното училиште „Киро Глигоров“ заедно со наставничката Бранка Јакимовска.
Беше задоволство и гордост за нас од АСО денеска да ги пречекаме нашите мали амбасадори на осигурувањето – петтоделенците од основното училиште „Киро Глигоров“ заедно со наставничката Бранка Јакимовска.













Нивната посета, по повод Денот на осигурувањето, беше да изразат благодарност до АСО за долгогодишната поддршка и континуираната соработка во насока на унапредување на финансиската едукација во образовниот систем. Гостите беа пречекани од тимот за финансиска едукација предводен од Ратка Целаковски во пријатна и инспиративна средба посветена на важноста на финансиската писменост и нејзино изучување од најрана возраст.Учениците и нивната ментори беа пречекани и од раководството на АСО: претседателот на СнЕ Ели Дракуловска и членовите Александра Дранговска и Горан Здравковски. Тоа е најзначаен доказ за приоритет што раководството го дава на процесите за финансиска едукација во областа на осигурувањето.
По повод континуирана и посветена петгодишна работа во областа на финансиската едукација Дракуловска и додели признание на наставничката Бранка Јакимовска.
Посетата е потврда дека вложувањето во поддршката на наставниците во промовирање и унапредување на финансиската писменост е вложување во создавање на финансиски писмени генерации на ученици. АСО продолжува со активностите за поддршка и унапредување на финансиската едукација и осигурувањето со цел подигање на свеста и знаењето на граѓаните за донесување информирани финансиски одлуки.