Денови на финансиска писменост 2024: Научете како да одберете осигурување за вашите потреби!
Деновите на финансиска писменост традиционално секоја година ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите: Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Народната банка, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување (МАПАС).
АСО има централна улога во зајакнување на финансиската писменост, финансиската инклузија и заштитата на осигурениците. Овие три аспекти се клучни за развој на фер, транспарентен и стабилен осигурителен пазар. И преку нив целиме да постигнеме зголемување на довербата на граѓаните во осигурителниот сектор и за нивната финансиска сигурност.
За Вас почитувани читатели, граѓани, актуелни и потенцијални осигуреници по повод Деновите на финасиска писменост и оваа година подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто осигурувањето е важно.
Во текот на „Деновите на финансиска писменост“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби.
По иницијатива на АСО, во овој настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно друштвата за осигурување и осигуртелно-брокерските друштва.
И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.
Воедно ние како регулатор на осигурителниот пазар, кој се грижи за заштита на вашите права, преку едукација секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“