Финансиска едукација

Финансиска едукација  е процес со кој финансиските потрошувачи, осигурениците/инвеститорите го подобруваат разбирањето за финансиските производи, концептите и ризиците преку добивање на информации, инструкции и објективни совети со цел

  • развивање на нивните вештини и доверба
  • да станат повеќе свесни за финансиките ризици и можностите
  • да донесат добра одлука
  • да превземат ефективни активности за подобрување на нивната финансиска благосостојба
  • да знаат каде да се обратат за помош

Финансиска писменост е комбинација од финансиска свесност знаење, вештини, став и однесувања неопходни за донесување корисни финансики одлуки.

Финансиско знаење – подразбира знаење кое поединците го имаат за добро управување со парите.

Финансиски ставови – се одговори во форма на изјави за допаѓања или недопаѓања и се корисни или не корисни, поврзани со индивидуалното финансиско однесување.

Финансиско однесување – подразбира индивидуални активности кои одразуваат добро однесување во управувањето со финансиски буџет/ џепарлак.

Нашите активности се насочени кон различни интересни групи,  со особен акцент на младата популација и учениците:

  • ги инкорпорира младите преку посета на училишта и факултети;
  • развива и публикува друштвени игри;
  • издава едукативни брошури и памфлети;
  • организира конференции, семинари, работилници;
  • спроведува Конкурс за ученици од основното и средното образование по повод Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември;
  • спроведува Конкурс за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија;
  • присуствуваа на трибини, форуми, радио и ТВ емисии и др.

Агенцијата стреми да го презентира практичниот аспект од финансиската едукација и да делува како надополнување на формалното образование.

Повик за заинтересирани

Ги покануваме заинтересираните основни и средни училишта, факултети, да не контактираат доколку на своите ученици/студенти сакаат да им овозможат предавање на тема финансиска писменост во областа на осигурување.

Агенција за супервизија на осигурување

📍Ул. Македонија бр.25, кат 5, Палата Лазар Поп Трајков, Скопје

📞Тел. 3 254 050

🌐Веб: www.aso.mk, Е-маил: contact@aso.mk

🌐Едукативен портал www.edukacija.aso.mk

Не заборавајте да ги следите профилите на АСО на социјалните мрежи (Facebook, LinkedIn, Instagram)

 

Facebook
LinkedIn
Instagram