Заштита на осигуреници

Заштита на осигуреници

Агенцијата за супервизија на осигурување е посветена на подобрување на положбата на осигурениците и корисниците на осигурителните производи и услуги и подигнување на свеста за нивните права и обврски; да ги воспостави добрите практики за заштита и да ги поттикне субјектите на транспарентно работење. Со нашето проактивно делување ние го поттикнуваме развојот на осигурувањето во Република Северна Македонија и ја развиваме свеста на јавноста за улогата на осигурувањето и улогата на супервизијата на осигурувањето.

Раководејќи се од професионалните стандарди,  принципи и начела меѓу кои се и заштита и известување на осигурениците за активностите во рамките на својот делокруг на работа, Агенцијата за супервизија на осигурување презема низа активности за корисниците на осигурителните производи и услуги со цел да се овозможи навремено добивање на потребните информации. Основните цели на АСО, кои се однесуваат на стабилност и развој на пазарот на осигурување, и следење на законитоста на работењето на субјектите кои се предмет на супервизија директно се  поврзани со заштитата на потрошувачите односно осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.

Во врска со ова, АСО ги фокусираше своите активности на:

Превентивно делување кое се манифестира преку директна и индиректна супервизија на субјектите од страна на Агенција за супервизија на осигурување (АСО) со цел да обезбеди дека истите ги почитуваат релевантните  закони и дека истите работат согласно дадените овластувања. Регистрите на овластени правни и физички лица се достапни на веб-страницата на АСО, www.aso.mk

Развивање на свестa за ризиците поврзани со инвестирање во осигурување, како и правата и обврските на друштвата за осигурување како и корисниците на осигурителните производи и услуги

Континуирано едуцирање на корисниците на осигурителни производи и услуги преку обезбедување на релевантни информации преку својата веб-страница, објавување на законска регулатива, едукативни текстови, брошури, публикации, прирачници и упатства, извештаи и податоци во врска со работењето на друштвата за осигурување и другите лиценцирани субјекти на пазарот на осигурување како и постапување по претставки и жалби добиени од страна на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.

Facebook
LinkedIn
Instagram