Квиз од областа на осигурување Видео февруари 18, 2024 | Martin Kiselicki 1. Што од наведеното претставува полиса за осигурување? а) Финансиски инструмент преку кој правните и физичките лица ги вложуваат своите пари во банките; б) Хартија од вредност со која се стекнува сопственичко право врз идеален дел од компанија, пропорционално на големината на учеството со хартијата од вредност во вкупниот акционерски капитал; в) Документ за договорено осигурување None 2. Која од следните институции го регулира пазарот на осигурување? а) Агенција за супервизија на осигурување (АСО); б) Комисија за хартии од вредност (КХВ); в) Народна Банка на Република Македонија (НБРМ) None 3. Што е премија? а. Пари што сме ги добиле на подарок. б.Пари што сме ги заработиле в.Износот што осигуреникот го плаќа на осигурувачот за носење/покривање на соодветен ризик г.Добивка од лото None 4. Кои институции се дел од пазарот на осигурување? а.Друштва за осигурување б.Осигурително брокерски друштва в.Друштва за застапување во осигурување г.Сите од наведените None 5. Кој вид на осигурување е задолжително? а) Имотно осигурување; б) Осигурување на живот; в) Осигурување од автомобилска одговорност None 6. Што претставува осигурувањето? а.Посебен вид штедна книшка во банка б.Уплата за одмор, в.Средство за богатење г.Осигурувањето е средство што овозможува заштита во случај нешто несакано да ви се случи вам и на вашето семејство или навашиот движен и недвижен имот (лични предмети, куќа, стан, автомобил и друго) None 7. Што е актуар? а) Лице кое прибира и обработува податоци врз основа на сметководствени документи, подготвува и води трговски/деловни книги и составува годишна сметка и/или финансиски извештаи во согласност со закон; б) Лице со стручно знаење во областа на математиката, статистиката, веројатноста и финансиите, кое поседува аналитички и деловни вештини и кои ги применува во анализата на финансиската неизвесност и ризиците за комплексните финансиски и социјални системи; в) Лице кои врши проценка и евалуација на системот на интерни контроли во една компанија None 8. Што е франшиза? а.Износот што се плаќа кога се склучува договор за осигурување, б.Износот на штета што не е покриен со осигурувањето. None 9. Осигурувањето на сопственици и корисници на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица (осигурување од автомобилска одговорност): а) Покрива ризик од штети предизвикани на трети лица во сообраќајот, но не и штетите кои ги претрпел возачот кој е виновен за настанување на сообраќајната незгода; б) Ги покрива сите трошоци за реновирање на домот на имателот на моторното возило; в) Ги покрива сите трошоци за лечење настанати при повреда на работното место. None 10. Сопственикот на моторно возило кој ги заборавил клучевите на вратата од возилото: а) Има право на надомест на штета поради кражба на моторно возило, бидејќи претходно купил полиса за осигурување на моторното возило од ризикот кражба; б) Нема право на надомест на штета поради кражба на моторно возило, и покрај фактот што претходно купил полиса за осигурување на моторното возило од ризикот кражба, бидејќи фактот дека купил полиса за осигурување не го ослободува осигуреникот од обврската да внимава како се однесува кон осигуреното моторно возило. None 11. Кога сте склучиле осигурување од ризик од пожар, доколку се случи пожар тоа треба да го пријавите во друштвото за осигурување и во : а) Седиштето на локалната самоуправа б) Полициска станица и противпожарна единица в) Агенција за супервизија на осигурување None Научи повеќе за осигурувањето пред да купиш полиса/договор за осигурување Time's up