Глобална недела на пари
Наближува Глобалната недела на пари што ќе се одржува во периодот од 22 до 28 март. Овогодинешната тема на Кампањата е Take care of yourself, take care of your money (Грижи се за себе, грижи се за своите пари).
Традиционално, како и во изминатите години, се одржуваат бројни активности од сферата на финансиите со цел зголемување на финансиската писменост, финансиската инклузија и заштита на потрошувачите.
Во рамки на своите законски надлежности за поттикнување на развој на пазарот на осигурување и развивање на свеста на јавноста за улогата на осигурувањето и улогата на супервизијата на осигурувањето, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и оваа година, ќе земе учество во Глобалната недела на пари преку следните активности: едукативни онлине предавања, ТВ настап, промовирање на корисни содржини и давање совети на осигурениците преку порталот за едукација со акцент за заштита на нивните права и интереси, споделување на корисни и навремени информации преку интернет страната и социјалните мрежи, промоција на добрите практики во доменот на финансиската едукација и финасиската инклузија, зголемување на свесноста на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување за зголемување на активностите во насока на едуцирање и подетално информирање на клиентите за сите аспекти поврзани со осигурителните производи и услуги.
Повеќе информации за Глобалната недела на парите https://www.globalmoneyweek.org/