Друштвена игра – Помалку ризик, повеќе забава

Во склоп на своите активности за запознавање на најмладите со осигурувањето, Агенцијата за супервизија за осигурување ја создаде друштвената игра „Помалку ризик, повеќе забава” – како да се избегнат ризиците и како да се справиме со истите.
Оваа игра се однесува на различни ризици и опасности, со кои учесниците можат да се сретнат во текот на нивниот живот.
Младите треба да се поттикнуваат да пробуваат нови работи, но истовремено да ги знаат можните ризици, да научат како да се справат со нив и со тоа да ги надминат.