Благодарници за учениците од финансиската секција од СЕПУ „Васил Антевски – Дрен“
Уште еден успешно завршен едукативен циклус за финансиска едукација што Агенцијата за супервизија на осигурување, веќе традиционално, го организира за средношколците од Средното економско и правно училиште на град Скопје „Васил Антевски – Дрен“.
Благодарници за учениците – членови на Финансиската секција за нивната проактивност и редовното учество во процесот за финансиска едукација и инклузија.
Воедно, јавно признание за м-р Тања Јовановска, директорка и Билјана Ниновска – професорка и раководител на финасиската секцијата, за нивната посветеност и професионален ангажман во овој процес кој успешно го реализираме повеќе од пет години за остварување на заедничките цели: финансиска едукација и инклузија на младата популација.