Преку едукативни активности, Агенцијата за супервизија на осигурување ја зајакнува свеста за потребата од осигурувањето кај младата популација

Агенцијата за супервизија на осигурување продолжува со спроведување на активности насочени кон унапредување на финансиската писменост и подигнување на свеста за значењето на осигурувањето кај младата популација.

 

Во рамки на овие заложби, беше одржана работилница со ученици од VI-то одделение при ОOУ “Браќа Миладиновци” од Скопје, при што преку интерактивен пристап и реални примери прилагодени на нивната возраст, учениците имаа можност да се запознаат со основните поими на осигурувањето и значењето на потребата од осигурување. Значајна улога има и наставниот кадар со чија посветеност и несебична подршка придонесуваат за успешна реализација на ваквите активности.

Остануваме посветени на континуирано унапредување на финансиската едукација, како важен предуслов за одговорно и информирано однесување на идните генерации.