Како да пополните Европски извештај?

Како да пополните Европски извештај?

На место на сообраќајната незгода возачите-учесници во сообраќајната незгода се должни веднаш да ги отстранат возилата од коловозот зарди побезбедно одвивање на сообраќајот и да го пополнат и потпишат Европскиот извештај.

  • Користете само 1 комплет за 2 возила кои учествувале во сообраќајната незгода (односно 2 комплета за 3 возила итн.), не е важно чиј примерок се пополнува, ниту кој учесник го пополнува,
  • При пополнување користете хемиско пенкало,
  • Обрнете посебно внимание на следните прашања!

за прашање 6 и 8 (внесете ги податоците од Вашата полиса или зелена карта)

за прашање 9 (внесете ги податоците од Вашата возачка дозвола)

за прашање 10 точно означете го местото на ударот

за прашање 12 (прецртајте ги варијантите (1-!7) кои се однесуваат на незгодата и наведете го вкупниот број на прецртани квадратчиња)

 

! ВАЖНО:

Европскиот извештај чувајте го во возилото, да ви биде при рака и детално прочитајте го неговото упатство.

За сите информации околу постапување во случај на сообраќајна незгода контактирајте го друштвото за осигурување.

Извештајот треба да го потпишете и дадете на другиот возач за потпис. Еден примерок задржувате за себе, а другиот го давате на возачот учесник во незгодата.

Извештајот потпишан што побрзо предајте го во друштвото каде што е осигурено возилото со кое е предизвикана сообраќајната незгода.

Не заборавајте да наведете кога може да се изврши увид и процена на штетата на вашето возило од страна на вештакот.

Не вршете било каква измена на предната страна на Извештајот.

Наведете имиња и адреси доколку има очевидци. Доколку посредувала полиција наведете ги имињата на полицајците.

Facebook
LinkedIn
Instagram