Глобалната недела на пари- Кампања за подигнување на свеста на населението за финансиската едукација и писменост

Наближува Глобалната недела на пари што ќе се одржува во периодот од 20 до 26 март, 2023 година. Овогодинешната тема на кампањата е Планирај ги своите пари, гради ја својата иднина (Plan your money, plant your future), https://www.globalmoneyweek.org/

Оваа тема има за цел да ја подигне свеста на граѓанството за разбирање на финансиските производи и ризици. Тоа се реализира преку добивање на информации и совети со цел развивање на вештини кај осигурениците да станат повеќе свесни за финансиските ризици и да ги препознаат сите расположливи можности да донесат корисни финансиски одлуки кои ќе овозможат подобрување на нивната финансиска благосостојба.  Придобивките од едукацијата се взаемни за економијата, поединецот, домаќинствата и општеството во целост.

Остварувајќи ја својата мисија и визија АСО како главен приоритет ја поставува заложбата кон зголемување на финансиската писменост како суштинска алатка за да се заштитатат осигурениците.

Нашата цел е создавање на поголема осигурителна култура кај населението заради препознавање на предностите што ги носи осигурувањето како најефикасен механизам за компензирање на потенцијални финансиски загуби од се почестите случувања на ризици, а особено ризиците кои произлегуваат од климатските промени.

Во овие рамки АСО делува на повеќе нивоа:

Превентивно делување кое се манифестира преку директна и индиректна супервизија на субјектите од страна на Агенција за супервизија на осигурување (АСО) со цел да обезбеди дека друштвата за осигурување ги почитуваат релевантните закони;

Развивање на свестa за ризиците поврзани со инвестирање во осигурување, правата и обврските кои произлегуваат од осигурување, механизмите за заштита на правата на осигурениците и постапувањето по претставки од страна на АСО,

Континуирано едуцирање на населението преку редовно и навремено пларисање  релевантни информации преку веб страницата, социјалните мрежи и едукативниот портал на АСО, со објавување на едукативни текстови, брошури, публикации, прирачници и упатства, соопштенија, извештаи и податоци во врска со работењето на друштвата за осигурување и другите лиценцирани осигурителни субјекти, извештаи за работењето на АСО, новини во работењето и сл.

И оваа година за континуирано исполнување на горенаведените цели АСО активно ќе учествува во одбележување на кампањата  „Планирај ги своите пари, гради ја својата иднина“ преку бројни активности:

–              ТВ настапи, промовирање на корисни содржини и давање совети на осигурениците со цел зголемување на свесноста за различните видови осигурителни производи и одделните ризици преку порталот за едукација со акцент за заштита на  правата на осигурениците, споделување на корисни и навремени информации преку интернет страната и социјалните мрежи, промоција на добрите практики во доменот на финансиската едукација и финасиската инклузија, едукативни предавања и сл.

–              зголемување на свесноста на друштвата за осигурување и посредниците во осигурување со цел развивање на фер однос кон осигурениците и примена на правила на професионално однесување, зајакнување на комуникацијата со осигурениците со цел подобро согледување на нивните потреби и реакција на нивните поплаки и жалби.

Следете не на едукативниот портал https://edukacija.aso.mk/, нашата веб страна www.aso.mk,  и на социлалните мрежи ( facebook, linkedin, Instagram). Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.